Неодамна, некои од развојните психолози ја зголемија загриженоста дека тинејџерите трошат премногу време на Фејсбук и други социјални мрежи и дека на тој начин се кочи невролошкиот развој.
Човечкиот мозок не достигнува целосна зрелост се до средината на 20-тите години. Во почетокот и средината на адолесценцијата, мозокот е подложен на значителен раст и созревање, особено во церебралниот и префронталниот кортекс. Овие области, се поврзани со планирање и решавање на проблемите. Во овој период се формира поефикасна поврзаност меѓу различните мозочни области.
Се наметнува прашањето дали е можно, како што некои научници сугерираат, зголеменото време на интернет да влијае на нашите емоции и однесување? Можно ли е да влијае врз чувството на личен идентитет во оваа критична фаза на развој?
Според неодамнешната студија објавена од страна на Универзитетскиот колеџ Лондон и на Универзитетот во Оксфорд, одговорот е НЕ.
Анализата на невронските мрежи не пронајде докази кои покажуваат дека типичната употреба на интернет му штети на мозокот на адолесцентите. Всушност, донекаде е корисна. Употребата на сајтовите за социјално вмрежување го подобрува севкупниот квалитет на пријателства и врски.
Да појасниме, пораката не е дека седењетото по цел ден на интернет е добра работа. Како и во се’ друго, умереноста е клучот. Нискотo ниво на физичка активност и седењето пред компјутер се индиректно поврзани со дебелина и дијабетес.