Дали користењето на дезодоранс е штетно за здравјето?

Дезодорансите всушност не го спречуваат потењето, тие само го маскираат или апсорбираат мирисот. Антипреспирантите пак, ги блокираат потните жлезди. Некои луѓе едноставно по природа повеќе мирисаат од другите и може да сметаат дека тие мора да ги користат овие производи. Но, дали го прават тоа со ризик за своето здравје?

Во видеото на „Brit Lab“ подолу, домаќинот ги истражува гласините за влијанието од употребата на дезодоранси и антипреспиранти на нашето здравје.

Една студија во 2002-рата година ја истражувала шпекулираната поврзаност помеѓу дезодорансот и ракот на дојката, и заклучила дека не постои зголемен ризик. Истото е потврдено и со ова видео, според Националниот институт за рак не постои никаква поврзаност помеѓу овие две работи.

Покрај тоа, научните истражување не ги подржуваат и тврдењата за наводна поврзаност помеѓу Алцхајмеровата болест и антипреспирантите.

Значи, заклучокот е – дезодорансите не можат да ни наштетат, можат само да спречат да не мирисаме ужасно. Погледнете го видеото.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.