Дали мастурбирањето е добро за здравјето?

Луѓето растат во различни средини. Некои учат дека истражувањето на себеси и на сопствената сексуалност е нормален и здрав дел од запознавањето на себеси, а за некои се’ уште претставува непријатна или забранета тема. Но, да бидеме искрени, 95% од мажите и 72% од жените мастурбираат.

И покрај гласините дека мастурбацијата може да доведе до неплодност, па дури и до слепило, истражувањата покажуваат дека тоа не е точно. Всушност мастурбацијата е добра за вас и може да ве направи посреќни, поздрави и поплодни!

Како што се објаснува во видеото, за време на мастурбирањето се ослободува допамин – невротрансмитер кој го активира центарот за задоволство во мозокот, и ендорфин кој активно ја намалува перцепцијата за болка. За жените, тоа значи дека мастурбацијата може да ја намали болката на менструалните грчеви. Покрај тоа, се зголемува излачувањето на хормонот пролактин кој овозможува полесно да заспиете. Мажите се чини дека имаат најголеми придобивки меѓу кои намален ризик за рак на простатата.

Покрај тоа, постои и еволутивна причина поради која луѓето и животните мастурбираат. Истражувањата покажале дека иако бројот на сперматозоиди е помал доколку имате секс кратко време по мастурбирањето, всушност тоа е добра стратегија за подобрување на спермата, односно редовно исфрлање на постарите сперматозоиди и ослободување простор за помладите кои имаат поголеми шанси да ја оплодат јајце-клетката.

Сепак, научниците препорачуваат одвреме навреме да ја менувате вашата техника на мастурбирање за да не влијае на вашата способност да доживеете оргазам за време на сексот.

Поддржете ја нашата работа: