Дали органската храна навистина е поздрава?

Во видеото на „AsapSCIENCE“, Мичел Мофит и Грегори Браун користат неодамнешни статистички податоци за да ја истражат и објаснат идејата дека органската храна всушнсот не е најдоброто решение за вашето здравје и за животната средина (а да не зборуваме и за вашиот паричник).

Според „Organic.com“, органската храна се одгледува без употреба на пестициди, синтетички ѓубрива, отпадни води, генетски модифицирани организми или јонизирачко зрачење. Органското месо, живината, јајцата и млечните производи потекнуваат од животни кои не конзумирале антибиотици или хормони за растење.

Но, како што се објаснува во видеото, многу производи кои се сметаат за органски и имаат натпис „органско“ на етикетата, сепак имаат многу пестициди. И покрај тоа што тие пестициди се етикетирани како „природни“, тие можат да бидат подеднакво штетни и за човековото тело и за земјата. Сите производи кои официјално се наречени органски не содржат чисто природни состојки. И органското овошје и зеленчук не е ништо похранливо од конвенционалното.

Па, дали органската исхрана е навистина поздраво и подобро решение? Погледнете го видеото за да дознаете.

enauka.mk
9,239наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,922денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.