Дали појадокот е најважниот оброк во денот?

Во средината на минатиот век, популарната нутриционистка Адел Дејвис ги советуваше луѓето да појадуваат како кралеви, да ручаат како принцови, а да вечераат како сиромашни. Последните истражувања на основа на возрасни лица кои појадуваат редовно, го поткрена прашањето дали навистина треба да појадуваме како кралеви или треба едноставно да го прескокнеме појадокот.

Сепак, постојат неколку вистини кои придонеле појадокот да го добие насловот „најважен оброк на денот“. Следат некои од најчесто поставуваните прашања во врска со појадокот и нивните одговори.

Дали прескокнувањето на појадокот прави да јадеме повеќе?

Знаеме дека со прескокнувањето на појадокот, мозокот станува почувствителен на вкусните јадења и дека луѓето често јадат повеќе на ручек доколку го прескокнат појадокот. Но, во лабораториски ситуации и во повеќе реални истражувања спроведени на луѓе кои се придржуваат до нивните нормални рутини, повеќето истражувања покажуваат дека прескокнувањето на појадокот резултира со понизок внес на енергија во текот на целиот ден. Па, покрај поголемиот глад во текот на утрото и некоја компензација за време на ручекот, се чини дека ефектите од прескокнувањето на појадокот не се доволно големи за луѓето да ја поминат границата на дефицит на калории создаден од пропуштањето на утринскиот оброк.

Дали појадокот го забрзува нашиот метаболизам?

Јадењето започнува низа на биолошки процеси поврзани со варењето и зачувувањето на храната, што резултира со зголемено трошење на енергија бидејќи исхраната индуцира термогенеза. Значи одговорот е да, појадокот го забрзува нашиот метаболизам.

Исто така, покрај зголемениот метаболизам поради варењето на храната, новите докази објавени во „American Journal of Clinical Nutrition“ покажуваат дека оние луѓе кои што појадуваат користат повеќе енергија преку физичка активност (особено во текот на утрото) отколку оние кои што го прескокнуваат појадокот. Па, можно е прескокнувањето на појадокот да прави луѓето да се чувствуваат помалку енергични, така што тие го намалуваат нивното ниво на физичка активност, без да се свесни за тоа.

Дали со прескокнувањето на појадокот може да ја зголемиме нашата телесна тежина?

Прескокнувањето на појадокот се поврзува со поголемата тежина и зголемувањето на дебелината со текот на времето. Но тоа не мора да значи дека прескокнувањето на појадокот го предизвикува зголемувањето на телесната тежина. Тоа би можело да значи дека појадокот е само знак за здрав начин на живот, и самиот тој не не’ заштитува од дебелината. Неколку истражувања и експерименти специјално направени за да се открие причината и последицата не обезбедиле докази дека прескокнувањето на појадокот предизвикува зголемување на телесната тежина.

10639483_279360642253347_5266745339576605214_nВажно е да се знае дека, покрај вообичаените согледувања во врска со појадокот и тежината, постојат и други димензии на дебатата за појадокот:

-Терминот „појадок“ опфаќа широк спректар на храна од зашеќерени житарици до прженици. Истражувањата за тоа како различниот појадок влијае на телото се се’ уште во тек.

-Со конзумирањето на појадок (во зависност од видот) има голема веројатност да се конзумира препорачаната количина на хранливи материи.

-Постојат докази дека појадокот може да ја подобри издржливоста при вежбањето.

-Појадокот може да му помогне на телото да ја регулира концентрацијата на глукоза во крвта. Со прескокнувањето на појадокот се зголемува поспрандијалната хипергликемија (висок шеќер во крвта по оброк) кај луѓето со дијабетес од тип 2.

Значи, треба ли да се појадува?

3493333046_ee6f406674_b-350x230Преовладувачката јавна мудрост вели да, треба да се појадува. Меѓутоа сегашната состојба на научни докази, за жал, има едноставен одговор: Не знаеме, зависи.

Без разлика дали конзумираме појадок или редовно го прескокнуваме, треба да имаме на ум дека и двете страни може да имаат некои предности. Одговорот не е толку едноставен како што сме наведени да веруваме.

Преземено од „The Conversation“.

Поддржете ја нашата работа: