Дали поседувањето милениче не прави попривлечни?

Дали вашето куче или мачка може да го зајакне вашиот сексапил?

Во еден експеримент на двајца француски социјални психолози во 2008 година, еден млад убав Французин по име Антоан требало да им приоѓа на 240 случајно избрани жени на улица и да ги праша за нивниот телефонски број за да одат на состанок. Меѓутоа, половина од времето Антоан бил сам, а половина бил придружуван од едно слатко мало сиво куче наречено Гвенди.

Дали кучето влијаело на „уловот“ на Антоан? Апсолутно!  Кога бил сам, само 10% од жените му го дале на Антоан својот телефонски број, во споредба со 30% кога бил придружуван од Гвенди. Па, дали миленичињата навистина влијаат на стратегиите за запознавање кај  денешните „сингл“ личности? Дали мажите ги користат своите миленичиња како мамка? Дали жените повеќе ги привлекуваат мажи кои вдомуваат улични животинчиња? Што се случува доколку на вашето милениче не му се допаѓа вашиот партнер на состанокот? И кое домашно милениче е најсекси? Истражувачкиот тим , предводен од антропологот Питер Греј од Универзитетот во Невада, Лас Вегас тестирал неколку хипотези за миленичињата, современото додворување и ритуалите при состанокот или запознавањето.

ПредходнаСледно

11 Психологијата кај мажите и жените

Еден кардинален принцип на еволутивната психологија е дека жените имаат тенденција да посветат повеќе ресурси на одгледувањето на деца, додека пак мажите посветуваат повеќе време и енергија на парење. Па така, истражувачите предвидуваат дека, на пример, жените се почувствителни отколу мажите за тоа како нивните партнери се однесуваат со своето куче или маче. Мажите пак, од друга страна, поверојатно ги користат своите миленици за да привлечат сексуални партнери. Греј и неговите колеги иста така предвидуваат дека, кога станува збор за сигнализирање на квалитетите на партнерот како потенцијален родител, интеракцијата со кучиња дава позабележливи знаци отколку со мачките, бидејќи се смета дека кучињата бараат повеќе внимание и грижа. На крај, поставиле и неколку прашања од забава, како на пример прашувајќи ги женските субјекти „Кое е најжешкото милениче што може да го поседува еден маж?“ Во соработка со продавницата за миленичиња „PetSmart“, истражувачите ангажираа 1.210 „сингл“ сопственици на миленичиња преку онлајн услугата „Match.com“ од кои 60% жени и 40% мажи; 72% сопственици на кучиња и 42% на мачки. Тие пополнувале онлајн анкета од 21 прашање за тоа како нивните миленичиња влијаеле на нивниот љубовен живот односно нивното состанување. Еве некои од резултатите:

1. Психологијата кај мажите и жените

22 Како миленичињата влијаат на љубовниот живот?

-22% од мажите, но само 6% од жените признале дека ги користеле своите миленичиња за да го привлечат потенцијалниот партнер. -35% од жените и 26% од мажите изјавиле дека некој повеќе ги привлекувал бидејќи имал милениче. -Речиси половина од жените и четвртина од мажите изјавиле дека го проценуваат партнерот според тоа како се однесува со нивното милениче. -76% од жените и 60% од мажите ги оценувале партнерите врз основа на тоа дали сопственото милениче ја сака таа личност. -64% од жените и 49% од мажите изјавиле дека повеќе ги привлекува личност која што вдомила улично животинче. -75% од жените и 54% од мажите изјавиле дека не би излегувале со некоја личност која не сака миленичиња.

2. Како миленичињата влијаат на љубовниот живот?

33 Дали денешните млади генерации се различни?

За време на една дискусија за мачките како домашни миленици на неодамнешниот „Better with Pets Summit“, научникот Сандра Лин тврди дека денешната млада генерација има различни односи со своите миленици отколку нивните претходници. Резултатите од истражувањето на „Match.com“ покажаа дека таа била во право. Кај мажите во своите 20-ти или 30-ти години има поголема веројатност да ги користат своите миленичиња како мамка. Овие генерации повеќе ги привлекуваат личности кои имаат милениче и повеќе ги проценуваат своите партнери на основа на тоа како нивното милениче реагира на нив. Исто така, ги сметаат за предност сликите со миленичиња постирани на онлајн профилите. На крај, хипотезите на истражувачите за половата разлика  во користењето на миленичињата за оценување на квалитетот на партнерот се потврдени. Како што беше предвидено, жените се повеќе дискриминирачки отколку мажите во врска со употребата на домашните миленици за оценувањето на партнерите. Сопствениците на кучиња повеќе ги користат своите миленици како показатели на квалитетот на партнерот, отколку сопствениците на мачиња. Сопствениците на кучиња исто така повеќе тврдат дека е важно како партнерот се однесува со нивното куче и дека миленичињата откриваат многу за нивната личност.

3. Дали денешните млади генерации се различни?

44 Кое домашно милениче е најсекси?

И кој е одговорот на прашањето кое е најсекси животно што еден маж може да го поседува? Одговорот од 600 жени е куче. Па доколку сакате да запознавате девојки, немојте да чувате зајак. [td_smart_list_end]

4. Кое домашно милениче е најсекси?
ПредходнаСледно