Едно неодамнешно истражување од Универзитетот „Биргам Јанг“ ни открива дека времето помеѓу изгрејсонцето и зајдисонцето влијае речиси врз расположението на секого- дури и повеќе од факторите како што се температуратата, загадувањето и дождот.
Истражувачите работеле на тоа да откријат како расположението на една личност е поврзано со времето и со другите фактори. Тимот открил дека луѓето имале поголема ментална вознемиреност кога деновите биле пократки и имало помалку сонце. Резултатите покажале дека всушност должината на денот била повлијателна во промената на расположението кај луѓето отколку всушност самата количината на апсорбирани сончеви зраци.
Овие заклучоци биле донесени со испитување на метеоролошките податоци од универзитетската метеоролошка станица за физика и астрономија и податоците за загадување од Агенцијата за заштита на животната средина на САД. Тие исто така ги споредиле и податоците за времето и менталното здравје на пациентите во Центарот за советување и психолошки услуги на „Биргам Јанг“.
„Ова се изненадувачки резултати од нашето истражување. На дождлив ден, или повеќе загаден ден луѓето претпоставуваат дека ќе имаат повеќе стрес. Но, ние не го гледавме тоа. Ние гледавме во сончевото зрачење или износот на сончева светлина која всушност удира во земјата. Се обидовме да ги земеме предвид облачните денови, дождливите денови, загадувањето… но, тие не беа значајни. Она што навистина беше значајно беше износот на времето помеѓу изгрејсонцето и зајдисонцето“ – изјавува авторот на ова истражување Марк Бичер.
Неодамна, и неколку други истражувања се обиделе да го откријат ефектот на времето врз расположението, но многу од нив добиле измешани резултати.