Дали треба да се обидеме да ја населиме Венера наместо Марс?

И покрај фактот што постојат голем број на докази дека Венера некогаш била погодна за живот и што поради сличноста со нашата планета го добила прекарот „Соседниот близнак на Земјата“, на неа речиси воопшто и да не и се посветува внимание. Сигурно, не колку на Марс.

Сепак, Венера е милиони километри поблиску, па зошто тогаш не сме заинтересирани да ја населиме неа?

Како што се објаснува во епизодата на „Space Time“, постои огромна разлика помеѓу вниманието што го добиваат Венера и Марс и од вселенските агенции, како и од популарната култура, а тоа може многу да влијае на политиките поврзани со истражувањето на вселената.

Во моментов, владите на САД и Кина се заинтересирани за испраќање човечки мисии на Марс. Милијардерите се спремни да платат многу пари за да ги испратат своите летала до таму, а НАСА дури почна и да бара потенцијални жители за Марс. Но, за човечки мисии за Венера засега воопшто не се дискутира, што е прилично чудно, со оглед на тоа дека Венера е 14 милиони километри поблиску до Земјата, отколку што е Марс.   

Како што се објаснува во видеото, фактички населувањето на Венера би било полесно и поевтино од населувањето на Марс.

Како прво, двонасочното патување од Земјата до Венера би било за 30 до 50 проценти пократко отколку до Марс. Помислете само колку храна, гориво и време би се заштедило, особено ако се земе предвид дека е потребно да се однесат доволно резерви за да може таму да се воспостават услови за живеење.

Венера е исто така и поблиску до Сонцето, што и овозможува да има четири пати повеќе соларна енергија од Марс, додека нејзината густа атмосфера нуди многу подобра заштита од сончевото зрачење, отколку кревкиот заштитен слој на Марс.

Нејзината гравитација е исто така многу послична со земјината, отколку гравитацијата на Марс, што значи дека доселениците би имале многу помалку негативни ефекти врз нивните коски.

Погледнете ја епизодата од „Space Time“ и откријте зошто сите оние кои имаат влијание за тоа како да се спроведува истражувањето на вселената се пристрасни кон Марс. Ќе кажеме само дека ние луѓето ги сакаме површините.

А кога сме веќе тука, еве како тим од  НАСА го  замислуваше населувањето на Венера пред неколку години. Во основа, да ги заборавиме површините и сите да живееме во огромен вселенски брод, сличен на цепелин, високо во облаците.

Поддржете ја нашата работа: