Дали вежбањето ја подобрува креативноста?

Нејзината лабораторија се фокусира на ефектите што вежбањето ги има врз мозокот, надополнувајќи го бројот на докази дека вежбањето не само што ја подобрува меморијата, туку ја поттикнува и имагинацијата.

Креативноста не е еднострана. Според Сузуки, истражувачите покажале дека најкреативните луѓе ги користат двете страни од мозокот заедно и имаат најголема корист кога постои флуидна комуникација помеѓу двете хемисфери. Излегува дека структурата во мозокот што се нарекува хипокампус, што е одговорна за долгорочната меморија, исто така е клучна и за функционирањето на имагинацијата.

Истражувачите ја тестирале својата теорија со тоа што на луѓе со оштетен хипокампус им давале тестови за имагинација. Лицата со вакво оштетување не биле во состојба да  замислат и да опишат еден летен одмор, што се надоврзува на доказите кои укажуваат дека хипокампусот е од витално значење за креативниот процес.

Истражувањето на Сузуки за поврзаноста на вежбањето и креативноста започнало кога прочитала едно истражување за тоа како играта и социјализацијата влијаат на мозокот на глушецот. Глувците кои биле одгледувани во средина каде што имале на располагање играчки, имале подебел надворешен слој од мозокот (познат како кора на мозокот), повеќе крвни садови и поголема електрична активност. Тие исто така имале и поголема количина на невротрансмитери, како ацетилхолин кој е многу важен за учењето и помнењето. Понатамошните истражувања покажале дека клучен фактор за ваквите промени во мозокот било вежбањето.

Вежбањето не само што го зголемува бројот на нови мозочни клетки во хипокампусот, туку и помага тие специфични мозочни клетки да преживеат, да растат и да се  развиваат уште побрзо.

Бидејќи вежбањето ја зголемува неврогенезата во хипокампусот, теоријата на лабораторијата на Сузуки е дека истото ќе ја зголеми и способноста кај луѓето за формирање на креативни идеи во мозокот. Иако во тек се истражувањата за функцијата на хипокапусот, главната цел на лабораторијата е да открие дали постои јасна причинско-последична врска помеѓу вежбањето и креативноста.

 

Поддржете ја нашата работа: