Дали вежбањето ја подобрува сексуалната активност?

Мажите кои вежбаат повеќе имаат подобра ерекција и сексуална активност, независно на која раса припаѓаат – се вели во истражувањето направено од „Медицинскиот центар Седар-Синај“, објавено во „Journal of Sexual Medicine“.

Во истражувањето учествувале околу 300 учесници кои според сопствените искази за нивната физичка активност, истражувачите ги категоризирале во неколку групи: претежно седечка група, слабо активни, средно активни и високо активни. Учесниците исто така се изјасниле и за сопствената сексуална активност, вклучувајќи ја способноста да имаат ерекции, оргазами, квалитетот и фрекфенцијата на ерекциите како и севкупната сексуална активност.

Наодите покажале дека мажите – независно на која раса припаѓале, што почесто вежбале, со 18 метаболички еквивалент вкупно неделно (METS), имале повисок сексуален резултат. „МЕТ“- часовите го изразуваат вкупното време на вежбање и интензитетот на вежбањето. Вкупниот 18 метаболички еквивалент може да се постигне со комбинација на вежби со различен интензитет, но е еквивалент и на два часа напорни вежби – како трчање или пливање; 3,5 часа умерени вежби или 6 часа лесни вежби.

Наспроти ова, мажите – независно на која раса припаѓале, што помалку вежбале покажале пониско ниво на сексуална активност. Дополнителен придонес за намалената сексулна активност имале дијабетесот, постарата возраст, пушењето како и кардиовакуларните заболувања.

Сепак, кога се работи за вежбањето нема единствена идеална мерка која одговара за сите подеднакво. Вежбите треба да бидат прилагодени за секој поединечно – предупредуваат истражувачите, но се сложуваат дека дури и вежбањето со слаб интензитет е подобро од никакво.

Поддржете ја нашата работа: