Во ова сатирично видео комичарот Ејми Шумер и други женски изведувачи укажуваат на тоа дека можеби жените го прават тоа, бидејќи имаат ниска самодоверба, се мразат себе, или затоа што општеството ги научило да ги избегнуваат комплиментите.
Спротивно на вообичаените верувања, вистинската причина за одбивање на комплименти е моќна и суптилна истовремено:
Жените се „спуштаат“ себеси со цел да се заштитат од завист и љубомора. Тие ова однесување стратешки го распределуваат.
И додека најверојатно ќе помислите дека да се биде мета на љубомора и завист е восхитувачка цел, повеќето жени добро ги знаат (имплицитно или преку искуство) опасностите од поттикнувањето љубомора.
Размислете за максимата „Атрактивните луѓе секогаш го добиваат поголемиот дел од колачот“. Како и повеќето такви стереотипи, тоа е само делумно точно. Всушност, како атрактивните лица се третираат првенствено зависи од тоа дали се перцепираат како конкуренти.
Во еден сет на истражувања, кандидатите за работа биле оценувани од страна на мажи и жени. И машките и женските оценувачи послабо ги рангирале атрактивните кандидати од нивниот пол, претпочитајќи го спротивниот. Причината е следна: Атрактивните кандидати кои биле од ист пол, оценувачот ги доживува како закана. Во прилог на овие наоди е и уште едно, слично истражување.
Се чини дека дека на атрактивните луѓе и не им е така лесно. Ако се наоѓате себеси жртва на оваа пристрасност, можете да се заштитите, односно да научите да се шегувате на сопствена сметка.
Кога некој ќе ви додели комплимент, со тоа ви дава висок статус во вашата група. Самоуназадувачкиот хумор може да ви помогне да го задржите повисокиот статус на многу незаканувачки начин. Меѓутоа, тука има замка. Ако лицата со понизок статус користат самоуназадувачки хумор, тоа придонесува да бидат перцепирани како помалку атрактивни.
Една неодамнешна студија во списанието „Leadership and Organization Development“ покажа дека ефективните лидери често користат самоуназадувачки хумор за да ја подобрат сопствената допадливост.
Според експертот за лидерство, Карен Андерсон самоуназадувачкиот хумор ги обединува луѓето поради тоа што разоружува и прави другите да се чувствуваат вклучени. Таа забележува дека тоа е особено корисно кога други можат да имаат причина да чувствуваат стравопочит кон вас.
Ваквиот хумор, традиционално е едно од женските оружја.