Дали змиите имале нозе?

По анализата на податоците собрани од фосили, генетско секвенционирање и анатомска споредба на 73 видови на змии и гуштери, палеонтолозите од Јеил го направија досега најсодржинското „семејно дрво“ на змиите. Така, тие направиле модел на заедничкиот предок на сите змии и сметаат дека тој имал две мали задни нозе кои најверојатно биле атрофирани и немале особена цел при движењето.

Тие сметаат дека заедничкиот предок живеел пред 128,5 милиони години во јужната хемисфера и бил моќен ноќен предатор кој го ловел својот плен со помош на острите заби. Но, бидејќи не постојат фосилни остатоци, научниците не можат да потврдат дека нивниот модел е точен.

Кристофер Џ. Раксворти од Американскиот музеј за природна историја во Њујорк, кој не бил вклучен во истражувањето, вели дека истражувањето е фантастично и дека е импресиониран од генетските и фосилните податоци кои ги подржуваат наодите на авторите. Но, тој вели дека не е изненаден од фактот дека заедничкиот предок на сите змии имал нозе, бидејќи неколку змии имаат атрофирани задни нозе и карлици. Тој исто така истакнува дека поради техниката на секвенционирање на гените, во годините што доаѓаат се’ повеќе ќе има промени на еволутивната историја на змиите.

Истражувањето е објавено во „BMC Evolutionary Biology“.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.