Тенкот е гасенично оклопно борбено возило конструирано за директен судар со непријателот, користејќи се со директен оган од големокалибарски топ и поддршка од митралези.
Тешкиот оклоп како и релативно големата подвижност претставуваат заштита, а гасениците му овозможуваат движење по непрооден терен со релативно големи брзини.
Тенковите првпат биле замислени и произведени од страна на британската војска за време на Првата светска војна, со цел да се скрши застојот предизвикан од рововската војна; тоа требало да им овозможи на војниците да се пробијат низ територија контролирана од непријателски оган побрзо отколку пешадијата.
Тенковите ретко оперираат самостојно, тие се организирани во борбени единици, најчесто комбинирани, без таква поддршка тенковите се ранливи на противтенковска артилерија, други тенкови, противтенковски мини, и (на мал досег) пешадија, како и од специјализирани противтенковски авиони.
И покрај тоа што се скапи за производство и тешки за поддршка, тенковите се вбројуваат меѓу најдопадливите и најразноликите оружја на модерното бојно поле, поради нивната способност да се борат против други копнени сили (вклучувајќи и утврдувања) како и поради шок ефектот кој го имаат кај непријателската пешадија.
Овие се десетте најскапи тенкови:
10. Кинескиот ZTZ-99 – вреден 2,6 милиони долари
Целта за развојот на овој тенк била модернизација на застарената кинеска копнена војска и всушност требало да биде силна конкуренција на западните тенкови, но тој не е толку брилијантен за борба на далечни цели. Овој недостаток лесно се надополнува со добрите резултати во директна борба и лесна мобилност. Има релативно мала тежина од 54 тони, а може да постигне брзина од 80 км/ч. Има врв од 125 мм.
9. Индискиот Arjun Mk II – вреден 6 милиони долари
Овој тенк припаѓа на повисоката класа на тенкови, тежок е нешто повеќе од 58 тони, а може да постигне максимална брзина од 70 км/ч. Има врв од 120 мм. кој може да ги пробие и најдебелите оклопи и два митралези, еден од 7,62 мм. со експлозивен набој и еден од 12,7 мм.
8. Израелски Меркава Mk4 тенк – вреден 6 милиони долари
Израелската армија е многу горда на овој тенк кој е прилагоден за пустински услови и поголемиот дел е направен од американски делови. За разлика од стандардниот дизајн, Меркава има мотор од предната страна. Брзнина од 64 км/ч. има оклоп од 100 мм, 60 мм. минофрлач, 2 митралези 7,62 мм и 12,7 мм. Тој првенствено е дефанзивен тенк, па затоа има и богата колекција на оружје.
7. Германскиот Леопард 2 – вреден 6,8 милиони долари
Иако е тежок 68 тони, може да постигне брзина од 72 км/ч. благодарение на новата генерација на мотори од 1500 КС. Леопард 2 е специјализиран за блиска борба, па има доста тежок оклоп. Вооружен е со 120 мм топ и два митралези од 7,62 мм.
6. Рускиот Т-14 Армата – вреден 7,8 милиони долари
Тој претставува нова генерација на руски главни борбени тенкови со беспилотна купола. Екипажот од тројца војници е разместен во посебна капсула во предниот дел на тенкот, додека куполата е исполнета со оружје и електроника за негово служење. Врв од 125 мм, брзина од 70-90 км/ч., радар за откривање, следење и пресрет на се што се движи кон самиот тенк, а реагира на опсег од 360 степени, и поседува систем за лансирање ракети за уништување на против авионски проектили.
5. Американскиот M1A2 Abrams – вреден 6,21 милиони долари
До неодамна се сметаше за најдобар тенк на светот, а сигурно поминал и најмногу борби. Неговата моќ има 120 мм врв, 7,62 мм и 12,7 мм митралези. Често се споредува со германскиот и поефтин Леопард 2. Оклопот е составен од осиромашен ураниум кој му дава поголема густина на челикот, а е минимално радиоактивен.
4. Британскиот FV4034 Challenger II – вреден 8,6 милиони долари
Овој тенк е опремен со 120 мм топ L30A1 и најсовремен систем кој му овозможува гаѓање од движење и веројатност од погодување во целта при првата граната. На куполата и се потребни 9 секунди за вртење од 360 степени. Британската армија користи гранати со домет до 8 км. Најсовремениот оклоп е изработен од таканаречениот “сендвич оклоп” кој е строго чувана тајна.
3. Јужно-корејскиот K2 Black Panther – вреден 8,8 милиони долари
Главниот борбен тенк на Јужна Кореја е тежок 61 тон, а ги користи сите досега споменати системи како што се сендвич оклопот и ноќната навигација, покрај 120 мм топ. Многу малку вакви примероци се произведени, па затоа не се знае кои се неговите вистински можности.
2. Tip 10 или TK-X – вреден 9 милиони долари
Овој тенк е најмодерниот и главен тенк на јапонската копнена војска. Прототипот на новиот тенк 2010та, влегува во сериско производство, а во употреба е пуштен од 2012 година. Лесен е и елегантен, тежок е нешто повеќе од 40 тони и може да постигне брзина од 70 км/ч. Вооружен е со топ од 120 мм, и митралези од 12,7 мм и 7,62 мм.
1. Францускиот AMX-56 Leclerc – вреден 9,3 милиони долари
Името го добил по генералот Philippe Leclerc de Hauteclocque кој за време на Втората светска војна ја водел оклопната дивизија за ослободување на Париз. Опремен е со посебен 120 мм топ кој му овозможува припрема на 22 гранати со брзина на гаѓање од 12 гранати во минута. Тука се и двата митралези од 12,7 мм и 7,62 мм. Тежок е 56 тони, а може да постигне брзина од 72 км/ч.