ЕМ моторот работи, а никој не знае зошто

Наместо гориво, моторот го придвижува леталото со помош на микробранови кои се одбиваат напред-назад во затворен простор и токму поради тоа е толку моќен, а истовремено и толку контроверзен бидејќи е научно невозможен. Овој тип на погонска сила се коси со еден од основните концепти на физиката – зачувувањето на силата на забрзување, според која за нешто да се движи напред, треба да се истурка некој вид на гориво во спротивната насока.

Токму затоа, овој уред беше исмејуван и игнориран од страна на научниците кога англискиот истражувач Роџер Шојер го измисли во раните 2000-ти години. Неколку години подоцна, тим на научници од Кина си изградиле сопствена верзија на моторот и на сечие изненадување, тој работел. Потоа, еден американски истражувач го направил истото и ја убедил НАСА да го тестира. Возбудата кај научниците се јавила бидејќи моторот постојано работел – дури и во вакуум, а тие не знаеле зошто. Мартин Тајмар од Технолошкиот универзитет во Германија исто така создал сопствен ЕМ мотор и уште еднаш покажал дека создава погонска сила, од причини кои ни тој не можел да ги објасни. Покрај тоа, неговиот мотор произведувал слична количина на сила која што ја предвидил Шојер, што е неколку илјади пати поголема од стандардната ракета.

Ова истражување не може ниту да го потврди ниту да го побие ЕМ моторот, но научниците имаат намера да продолжат со самостојните истражувања. Па, што значи тоа? Иако е забавно да се шпекулира за тоа колку е ова откритие револуционарно за човештвото, резултатите од истражувањето ќе бидат објавени за неколку месеци, и се додека не дознаеме како точно функционира ЕМ моторот, научниците нема сериозно да го сфатат. Засега, тие може само да продолжат со истражувања и тестирања во различни средини за да откријат што ја предизвикува „невозможната“ погонска сила. Па, можеби ќе треба да смениме некои од законите на физиката.

Поддржете ја нашата работа: