Русија и Кина се во процес на сериозни разговори за заедничка соработка за изградба на ракетен мотор, за изградба на тешки ракети, вселенска станица и вселенски летови на долги релации, изјавил за ТАС Андреј Денисов, рускиот амбасадор во Кина.
„Нашата земја има огромен потенцијал во сферата на ракетните мотори и тоа е добро познат факт“- изјавил амбасадорот.
„Би ја нагласил соработката во вселенските активности како целина, а не како испорака на специфични производи. Целта не е да се испорача одредена опрема, туку да се организира долгорочна, заемно поволна соработка на двете земји, кои објективно се блиски од гледна точка на техничко-технолошка компатибилност“.
„Кинеската вселенска индустрија е создадена во голема мера врз основа на нашиот технолошки развој. Иако Кина одамна го достигнала нивото на независен развој и има големи достигнувања во последните години во областа на космонаутиката, полето за соработка останува доста широко. Ова веројатно е главната работа. Изработката на тешка ракета се гледа како сосема возможно и од наша и од страна на нашите кинески партнери“- изјавил амбасадорот.
Според амбасадорот, идната соработка е остварлива на полето на изработка на тешки ракети и воспоставување на интеракција во областа на вселенските станици и долготрајните летови.
„Ова е ветувачка област за чиј развој се заинтересирани и руската и кинеската страна. Но, во исто време, за нас е многу важна заштитата на правата на интелектуалната сопственост, како и општо прифатените легални аспекти од оваа активност.
Оваа сорабока е од чисто мирољубива цивилна природа, од која корист ќе има целото човештво, а не само земјите учеснички“- изјавил рускиот амбасадор во Кина.



























