„Должни сме да го предадеме идејниот проект во „Роскосмос“ на 15-ти декември. Овој носач, кој има капацитет од 85 до 90 тона,и треба да ги обезбеди идните мисии на Месечината и на Марс“, истакна генералниот директорот на РКЦ Александар Кирилов, на средбата со гувернерот на областа Николај Меркушкин.
Во идејниот проект вообичаено се содржани белешки со објаснувања, неопходните цртежи, дијаграми и пресметки како и подготвителните задачи за развој на производството. Одобрувањето на проектот е главниот предуслов за почеток на изработката.
Како што беше претходно најавено, „Роскосмос“ ја разгледува можноста овој супер-тежок ракетен носач да биде лансиран во Источен Бајконур. Во ноември 2013 година, раководителот на руската федералната агенција, Олег Остапенко, ја формира групата задолжена за создавањето на вакви ракети во Русија.
Според зборовите на министерот за машинско инженерство на бившиот СССР, Олег Бакланов, ова ќе допринесе да се создаде вселенска станица со димензии и тежина поголеми од сегашната Меѓународна вселенска станица, што ќе овозможи поудобна средина на астронаутите. Покрај тоа, додава тој, „ќе се создаде можност за „работа во смени“ кај мисиите на Месечината , на Марс и подалеку“.