Меѓу другото, во „Прирачникот за ритуални моќи”, како што истражувачите го нарекуваат, има љубовни магии, ритуали за егзорцизам на зли духови и совети за третман на „црна жолтица”, односно бактериска инфекција која се’ уште постои и може да биде фатална.
Книгата е стара околу 1.300 години и е напишана на коптски, египетски јазик. Страниците се врзани на пергамент и претставува вид на книга што истражувачите ја нарекуваат кодекс. Започнува со долга серија на ритуали кои кулминираат со цртежи и зборови на моќта.
Сетиани
Истражувачите веруваат дека кодексот може да датира од 7-ми или 8-ми век. Во тоа време, многу Египќани биле христијани и кодексот содржи голем број повикувања кои се однесуваат на Исус.
Меѓутоа сепак, некои молитви се чини дека повеќе се поврзуваат со група наречена „Sethians” односно Сетиани. Оваа група била најзастапена во Египет за време на раните векови на христијанството и го прославувала Сет, третиот син на Адам и Ева.
Отворањето на кодексот се однесува на божествената фигура наречена „Baktiotha” чиј идентитет е мистерија, велат истражувачите.
Кодексот, со својата мешавина на сетиански и христијански учења, всушност може да биде преоден документ од крајот на сетиатизмот и почетокот на христијанството. Постојат и други текстови кои се слични на ново дешифрираниот кодекс, но содржат повеќе христијански карактеристики.
За кого е наменет?
Идентитетот на лицето кое го користело овој кодекс е мистерија бидејќи никој не сакал да биде означен како „магионичар“. Корисникот на кодексот не мора да значи дека бил свештеник или монах. Стилот на пишување кој се користи, асоцира дека е напишан од маж, меѓутоа тоа не значи дека не го користеле и жени.
Потеклото е, исто така, мистерија. Дијалектот укажува на тоа дека можеби потекнува од горниот дел на Египет. Кодексот во моментов се наоѓа во Музејот на древните култури на Универзитетот Меквери во Сиднеј.
Резултатите од дешифрирањето на овој документ се објавени во книгата „ Копски прирачник на ритуални моќи “
Почитувани пријатели моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас. Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни! |
{loadposition like_article} |