Детектиран моќен сигнал од блиската галаксија

Астрономите од Институтот „SETI“ детектираа силен сигнал во правецот на ѕвездата „HD164595“ која се наоѓа на оддалеченост од 95 светлосни години од Земјата. Оваа ѕвезда е многу слична на нашето Сонце – стара е 4,5 милиони години (само 100 милиони години помлада од Сонцето), има речиси иста тежина (само 1% полесна од Сонцето), има слична температура и речиси идентичен состав на елементите. Покрај тоа, околу неа орбитира најмалку една планета со големина на Нептун.

Сигналот е детектиран со помош на радио телескопот „RATAN-600“ во Зеленчукскаја во јужниот дел на Русија. Доколку сигналот се емитува намерно, во сите насоки, како што теоретизираат астрономите, тоа значи дека би била потребна напредна технологија на напредна цивилизација, која е способна да ја конвертира енергијата од блиската ѕвезда во комуникација и енергија, вели Пол Глистер во својот блог.

Сигналот е околу 2,7 cm бранова должина и 11 GHz во фрекфенција, што значи дека е сигнал со ултра висока фрекфенција кој не се разликува могу од дигиталниот сигнал на телевизорот. Под претпоставка дека е реален, би требало да биде неверојатно моќен за да стигне од ѕвездата „HD 164595“ до Земјата.

128764-bi-signal-1Постојат неколку теории за тоа што би можело да претставува сигнал, но пред да се возбудите премногу, да напоменеме дека е можно тој сигнал да потекнува од нас, бидејќи бил детектиран во тој дел од радио спектарот кој го користи војската за комуникација помеѓу станиците на земјата и сателитите, како што вели астрономот Ник Санцеф од Универзитетот A&M во Тексас.

Комитетот на „SETI“ ќе разговара за ова откритие на 67-миот Меѓународен астронаутски конгрес кој ќе се одржи во Гвадалахара, Мексико на 27 септември.

„Не можеме да кажеме дека со откривањето на овој сигнал сме откриле вонземска цивилизација, но можеме да кажеме дека ова е интересно откритие и заслужува понатамошно истражување“, заклучуваат научниците.

Поддржете ја нашата работа: