Дијамантот Блу Фарнезе продаден за 6,7 милиони долари

СПОДЕЛИ

Историскиот дијамант Блу Фарнезе од 6,16 карати беше продаден на аукција во Женева, Швајцарија за 6,7 милиони долари. Дијамантот ù бил даден како подарок на кралицата на Шпанија, Елизабета Фарнесе, во 1715 година. На аукцијата тој достигна поголема вредност, откако првично беше проценет на околу пет милиони долари, односно речиси два милиони помалку.

Дијамантот потекнува од рудникот Golconda кој е извор на многу познати индиски дијаманти кои завршиле во рацете на многу богатите европејци, како и прочуениот Hope дијамант кој францускиот трговец Jean Baptiste Tavernier му го продал на на Луј XIV во 1668 година, а шпанската принцеза го добила на подарок на свадбата со Филип Петти, внук на францускиот крал Луј 14, нарекуван Кралот Сонце.

Дискусија

Коментари