Најголемиот дијамант било кога ископан од тлото на Северна Америка е пронајден во канадски рудник покрај Арктичкиот Круг, пренесуваат медиумите.
Жолт 544-каратен дијамант е откриен во рудникот Диавик, сместен на северот од Канада, стотина километри јужно од Арктичкиот Круг, пренесува агенцијата „Хина“.
“Дијамант со таа големина е сосема неочекуван во овој дел од светот и ова значи вистинска пресвртница за ископувањето дијаманти во Северна Америка“, објави компанијата на интернет-страницата mining.com.
Пронајдениот драгоцен камен е меѓу 30-те најголеми дијаманти во светот.
Дијамантот со големина на јајце нема да биде продаден во неизбрусана форма, туку од „Доминион“ бараат партнер за сечење и полирање на дијамантот.
Од компанијата велат дека е премногу рано да се зборува за вредноста на пронајдениот дијамант.
Најголемиот дијамант во светот е 3.106-каратниот „Кулинан“ пронајден во 1905 година во Јужна Африка.
За љубопитноста што нè поврзува.
Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.
Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.



























