Постои долгогодишна дебата околу тоа дали диносаурусите биле спори, ладнокрвни животни (како што првично предлагаа научниците од 19-от век) или имале уникатно развиена физиологија , повеќе слична на топлокрвните животни.
Животните што со милиони години ја населувале Земјата и биле збришани од астероид пред 65 милиони години, се чини дека всушност биле нешто помеѓу.
Доказ за ова се резултатите од едно испитување со кое се опфатени 21 вид на диносауруси( Tyrannosaurus, Allosaurus, Apatosaurus, Tenontosaurus, Troodon) како и голем број цицачи, птици, риби, ајкули, гуштери, змии и крокоили.
Резултатите покажале дека диносаурусите имале раст и метаболизам кој не е карактеристичен ниту за топлокрвните , ниту за ладнокрвните организми.
Наместо тоа, тие развиле раст и метаболизам којшто е нешто помеѓу денешните топлокрвни и ладнокрвни животни.
“Накратко, тие имале физиологија која не е вообичаена за денешниот жив свет”-вели Брајан Енквист од Универзитетот во Аризона.
Ваквиот метаболизам им овозможил на диносаурусите да развијат големина која ниеден цицач не би можел да ја добие. Топлокрвните животни имаат потреба од многу храна, така што, малку е веројатно дека лав со големина на пр. на „Т.rex “ би можел да јаде доволно за да преживее-велат научниците.