Диносаурусите се смалиле во птици

Диносаурусите (науч. Dinosauria) биле влекачи кои ја населувале Земјата пред околу 200 милиони години. При крајот на периодот Креда настапува крај на нивниот вид. Името „диносаурус“ доаѓа од грчкиот збор „δεινόσαυρος “ (deinosauros), односно е кованица од зборовите „δεινός “ (deinos) „страшен, моќен“ и „σαῦρος“ (sauros) „гуштер“, a прв го употребил англискиот зоолог Ричард Овен во 1842 година.

Постојат повеќе теории за изумирањето на диносаурусите.

Тие се развивале на најразлични начини но никој од нив немал развиен мозок. Можеби една од причините за изумирање биле тешкотиите да им избегаат на непријателите. Многу научници сметаат дека биле жртви на сопствената тежина и на настанатите промени на планетата земја како и на промените на температурата, а се смета и дека некои од нив не можеле воопшто да преживеат на копното, односно надвор од мочуриштата. Бидејки „новата клима“ го уништила растителниот свет, тогаш тревопасниот дел од нив останал без храна. Поради сите овие услови тие сосема изумреле. Но исто така, според мислењето на некои научници, диносаурусите изумреле поради некоја голема метеорска бура која го уништила нивниот вид.

Денес, тие се уште се интересни за науката. Едно од поновите истражувања вели дека во период од 50 милиони години на постојана минимализација и менување на обликот, овие гиганти се трансформирале во релативно мали облици: птици.

Со анализа на коски, пердуви и заби од 120 видови на диносауруси е потврден сомнежот на научниците. Денешните „модерни” птици се потомци на диносаурусите.

Ова истражување е објавено на во списанието „Science“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt