Доенчињата изложени на ризик од арсенот во водата

Истражувачите го мереле нивото на арсен во водата за пиење, во урината на 72 шестнеделни доенчиња и во мајчиното млеко на девет жени во Њу Хемпшир.

Резултатите покажале дека концентрацијата на арсенот во урината на доенчињата кои биле доени со мајчино млеко била за 7,5 пати пониска од доенчињата кои користеле формула-храна (млеко во прав).

Највисоките концентрации на арсен биле измерени во водата за пиење и далеку ги надминувале концентрациите на арсен во формулите на млеко во прав. Фактички ова укажува дека за поголемата изложеност на арсен на доенчињата кои користат формула, покрај самата формула, одговорна е и водата за пиење бидејќи истата се користи за припрема на млекото.

Резултатите од оваа студија треба да го потенцираат фактот дека со доењето може да се намали изложеноста на бебињата на арсен, и е важно дури и во оние делови каде има релативно ниско ниво на арсен во водата за пиење, а ќе биде од особена важност за пределите каде арсенот го има во поголеми концентрации.

Арсенот природно се појавува во основата на некои карпи и камења и е заеднички глобален загадувач на бунарската вода. Докажано е дека арсенот предизвикува рак и други болести, а изложеноста на арсен во раните фази на животот е поврзана со зголемена смртност на плодот, намалена родилна тежина и намалена когнитивна функција.

Агенциите за заштита на животната средина обично имаат поставено максимална дозволена концентрација на арсен во јавната вода за пиење (има повеќе истражувања што покажуваат дека е премногу висока), но кај бунарите што претставуваат примарен извор на вода во многу рурални региони научниците советуваат семејствата со приватни бунари да ја тестираат водата за присуство на арсен.

Поддржете ја нашата работа: