Доенчињата изложени на токсични хемикалии преку мајчиното млеко

 Станува збор заперфлуоринирани алкулатни супстанции (PFASs).   Ова е прва студија која покажува до кој степен  се изложени бебињата  преку мајчиното млеко и варијациите со текот на времето.

Знаевме дека мали количини на PFAS  постојат во мајчиното млеко, но нашите сериски крвни анализи сега покажуваат пораст кај бебињата со секој месец на доење  “, велат авторите.

PFASs се користат  за производство на производи отпорни на вода, маст  и дамки. Тие  се во употреба  повеќе од 60 години во текстилот, водоотпорна облека, некои пакувања на храна, бои и средства за подмачкување. Познато е дека ја загадуваат водата во близина на фабриките каде се користат . Овие соединенија  имаат тенденција да се биоакумулират  во синџирите на исхрана и да опстојуваат долго време во телото . Редовно се наоѓаат во крвта на животните и луѓето секаде низ светот, а се поврзани со репродуктивна токсичност, ендокрини нарушувања и  дисфункции на имунолошкиот систем .

Истражувачите следеле  81 деца кои се родени на Фарските Острови од  1997-2000 година, во потрага на нивото  на пет видови на PFASs во крвта за време на раѓањето, на возраст од 11 месеци, 18 месеци и 5 години. Тие, исто така,  ги мереле нивоата на  PFAS кај мајките на децата уште во 32 недела од бременоста.

Тие откриле дека, кај децата кои биле целосно доени , PFAS концентрациите  во крвта се зголемиле  за околу 20% -30% секој месец. Кај децата кои биле делумно доени, процентите се помали.  Во некои случаи,  кон крајот на доењето, нивоата  на PFASs серумската концентрација на децата  ја надмиле  оние  на нивните мајки.

По престанок на доењето , концентрациите на сите пет видови на PFASs  е намалена.Резултатите покажуваат дека мајчиното млеко е главен извор на PFAS време на детството.

Нема причина да се обесхрабри доењето, но ние сме загрижени дека овие загадувачи се префрлаат  на следната генерација на многу ранлива возраст. За жал, сегашната легислатива не бара   тестирање на хемиски супстанции , нивниот трансфер на бебињата  и сите поврзани несакани ефекти “, истакнуваат авторите.

Студијата е објавена  на 20 август во онлајн изданието на „Environmental Science & Technology“.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt