Пушењето на марихуана ја зголемува шансата за психоза

Злоупотребата на марихуаната и психозата веќе долго време се тема на дискусија – дали марихуаната ја зголемува веројатноста кај луѓето да развијат психоза или пак поголема е веројатноста луѓето со предиспозиции за психоза да ја злупотребуваат марихуаната? Истражувачите сметаат дека конечно го пронашле одговорот, благодарение на повеќе групи на близнаци.

Историски гледано, луѓето со психички нарушувања користат канабис почесто од другите. Научниците од Универзитетот за јавно здравје во Норвешка и Универзитетот во Вирџинија по интервјуата со близнаци во нордиските земји, утврдуваат дека оние кои ја злоупотребуваат марихуаната „може да го зголемуваат ризикот и повеќе од тројно“ за металните состојби кои се карактеризираат со оддалечување од реалноста, а понекогаш и бизарно однесување.

Истражувањата покажале дека близнакот кој ја злоупотребувал марихуаната имал 3,5 пати поголема веројатност за развивање на психоза во споредба со другиот.

Во текот на годините се покажало дека и двете – и злоупотребата на марихуаната и психозата имаат генетски влијанија и „истите гени може да доведат до зголемен ризик за двата проблеми“. Но, вообичаениот генетски ризик не може да ја објасни целосната поврзаност со симптомите на психозата, во спротивно близнаците израснати во иста средина и со истите гени не би имале такви различни ризици за појава на симптомите за психоза.

Рагнар Несваг, виш истражувач на Универзитетот за јавно здравје во Норвешка и главен автор на ова истражување смета дека наодите треба да влезат во дискусиите за легализација и декриминализација на марихуаната.

И покрај истражувањата поврзани со психозата, марихуаната исто така неодамна се рекламирала за своите медицински бенефиции. Научниците сугерираат дека може да убие одредени клетки на ракот, да ја ублажи болката, да ги олесни грчевите во мускулите и вкочанетоста поврзани со мултиплекс склероза, да ја лекува шизофренијата, депресијата и пост-трауматскиот стрес, да ги регулира нападите кај пациентите со епилепција и да го стимулира апетитот кај пациентите со СИДА на кои им се намалува поради третманот.

Поддржете ја нашата работа: