Потврдено „првилото од пет секунди“

Сигурно ви се случило да ви падне некое парче храна, бисквит или сл. и веднаш да го подигнете, да го дувнете од двете страни и да го изедете.

Таканареченото „правило од пет секунди“ за храната што е падната на под, сега е и научно потврдено.

Ако храна ви падне на под и во рок од пет секунди успеете да ја подигнете, научниците велат дека таа храна не е многу  ризична.

„Ако изедете храна која неколку мига била на подот, тоа никогаш не е преголем ризик. Секако, ако храната е покриена со нечистотија, не треба да се јаде, но ако не е видливо „валкана“, мала е веројатноста дека за неколку секунди ќе успее да собере некои бактерии од подот кои се штетни“– вели германскиот експерт Ентони Хилтон од Универзитетот Астон.

Ова не значи дека бактериите од подот не можат да се пренесат на храната.

„Нашето истражување покажува дека од видот на храната, типот на подот (дали се работи за паркет, бетон, плочки, тепих и тн.), како и должината на времето поминато на подот, зависи колку бактерии можат да се пренесат на храната“– нагласува професорот.

Веројатно е изненадување, но теписите се најмалку ризични површини кога станува збор за пренос на бактериите. Плочките и ламинатните подови носат многу поголем ризик, покажало истражувањето.

Професорот Хитон го презентирал истражувањето на Саемот за наука, технологија и инжинерство за млади во Бирмингем.

Овие наоди доаѓаат после истражувањата од 2014 година, кога било испитувано колку стафилококи и ешерихија коли бактерии ќе соберат тост, тестенини, бисквити и лепливи слатки, ако останат на под од 3 до 30 секунди, пишува „Mirror“.

 

Поддржете ја нашата работа: