Дожд од милиони мали пајачиња

Австралискиот весник „Sydney Morning Herald“ известува дека дожд од мали пајачиња бил забележан минатата недела во Голбурн. Оваа инвазија не е ништо чудно за овие суштества со осум нозе. Пајаците испуштаат тенки нишки пајажина како падобрани, и со помош на ветерот може да патуваат на големи далечини за време на нивните природни периодични миграции.

„Забележани се на височини од 5км, и буквално може да патуваат со километри. Тоа е причината поради која секој континент има пајаци. Дури и на Антартикот редовно се појавуваат, но потоа умираат“, вели австралискиот натуралист Мартин Робинсон.

Овие падобрани од леплива пајажина може масовно да се вплетат, формирајќи дебели слоеви додека се движат или кога ќе паднат на земјата. Овој феномен е познат како „дожд од пајаци“„ или како Ангелска коса“ (Angel Hair) поради нишките пајажина. Австралијанецот Кит Бастерфилд го следи овој феномен уште од 2001 година.

„Ова вид на транспорт се нарекува „ballooning“. Се случува во одредено време од годината, обично неколку пати во годината, најчесто во мај и август“, објаснува Бастерфилд. Тој лично ги истражува и подготвува каталог со своите откритија и податоци уште од 2001 година. За таа цел тој побарал од секој кој бил сведок на еден таков настан да го контактира на неговиот меил.

Пајачињата и пајажината не се опасни за луѓето, бидејќи пајачињата се премногу мали. Но, може да ги оштетат посевите и растенијата целосно прекривајќи ги при што нема да можат да добиваат доволно сончева енергија.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.