Постојат многу анегдоти за тоа како некои одредени животни можат да предвидат природни катастрофи и да откријат болести, а научните истражувања ја поддржуваат приказната на оваа тема. Некои од животните кои ќе ги наведеме ни се доста блиски, затоа посветете внимание на нивното однесување. Можеби некогаш ќе ви бидат од корист.
Кучиња
Кучињата, како најверни сопатници на човекот, можат да откријат рак на простата кај човекот со 98% точност. Тајната е во нивното јако чувство за мирис. Кучешкиот нос има повеќе од 220 милиони олфакторни рецептори, додека човечкиот има само 5 милиони.
Мачки
После катастрофалниот земјотрес кој во 2011 година ја погоди Јапонија, научниците од Универзитетот Тсинг Хуа спровеле истражување на реакциите на мачките кои ги манифестирале пред катастрофата. Се покажало дека мачките биле премногу вознемирени неколку дена пред таа да се случи, а некои домашни мачки избегале од нивниот дом. Се претпоставува дека мачките можат да предвидат катастрофи поради значително остриот слух за разлика од човечкиот.
Крави
Слично како и кај мачките, кравите манифестирале промена во однесувањето нешто пред потресот во Јапонија. Значително е намален приносот на млеко, и исто така кравите се однесувале доста вознемирено.
Пчели
Дали сте забележале, како пчелите едноставно исчезнуваат пред да почне да врне? Тие всушност се способни на ги почувствуваат промените во атмосферската влага, тоа им овозможува на време да се евакуираат. Така и со другите природни катастрофи.
Бумбари
Кога ќе видите како бумбарите се собираат на едно место, тоа е знак дека времето ќе биде топло. Иако, на прв поглед ова нивно однесување се чини чудно, станува збор за значаен собир, со што би се зачувала телесната влага на секој од нив.
Ајкули
Како што може да забележите, сите од горенаведените животни имаат силна потреба да го напуштат местото на кое наскоро би се случила катастрофа. Спротивно на тоа, ајкулите гравитираат во местата каде што се случуваат големи бури, и таму се собираат во поголем број. Се’ уште не е јасно зошто го прават тоа, но нивното однесување се следи со цел да се лоцира развитокот на бурата.