Дури и интензивното вежбање за време на бременоста не е штетно

Група експерти од Меѓународниот олимписки комитет, врз основа на достапните докази што се однесуваат на вежбањето и здравјето на мајката и фетусот, дошле до заклучок дека дури и напорното вежбање, каде е вклучено дигање на тегови, речиси воопшто не е  штетно.

Вежбањето не претставува ризик за предвремено породување или предизвикување на трудови, дури е можно да го намали тој ризик. Дигањето тегови не го зголемува ризикот од спонтан абортус. Вежбањето го намалува ризикот од зголемена породилна тежина, без да ги зголеми шансите детето да се роди со потпросечна тежина.

Овие наоди беа објавени во „The BMJ“, како втор дел од серијата од пет истражувања поврзани со вежбањето и бременоста кај рекреативците и врвните спортистки. Наодите биле исто така презентирани минатиот септември на тридневниот состанок на МОК одржан во Лозана, Швајцарија.

„Генерално, кај општата популација, редовната и лесна до умерена физичка активност не го зголемува ризикот од спонтан абортус, но може да го намали тој ризик“-  заклучуваат  експертите.

Тие сепак нагласуваат дека постои недостаток од високо квалитетни докази кои конкретно се однесуваат на врвните спортистки, и означиле одредени други проблеми.

Особено тоа се однесува на недоволно докази околу тоа дали интензивното вежбање во првите недели од бременоста може значително да го зголеми ризикот од спонтан абортус на почетокот на бременоста. Во однос на ова, Комитетот препорачува дека врвните спортистки би требало да го намалат режимот на вежбање во неделата после овулација, како и да ги намалат на вежбите со подигање на тегови во првите три месеци од бременоста.

Други истражувања покажале дека вежбањето во текот на бременоста може позитивно да влијае на подоцнежниот развој на мозокот на новорденчето, па дури и на здравјето на  кардиоваскуларниот систем.

Поддржете ја нашата работа: