Египетски археолози пронашле 7 гробници од времето на фараонот

Египетските археолози неодамна во близина на Каиро, на локалитето Сакара открија седум гробници од периодот на фараоните, во кои се пронајдени повеќе десетици мумии на мачки, како и ретка збирка мумифицирани свети инсекти во египетската митологија – скарабеј.

Мостафа Вазири, генералниот секретар на Државното биро за старини вели дека на откриениот локалитет, од сите пронајдени статуи, повеќето претставуваат мачки што ја одразува почиттна на древните Египќани кон тоа животно на чиј бог Басет му се молеле.

Древните Египќани верувале дека мачките, како и другите животни, имаат посебно место во задргобниот живот. Во една од гробниците е најдена и бронзена статуа посветена на божеството на мачките.

Пронајдени се статуи од лав, крава и сокол.

„Откритието на мумифицираниот скарабеј преставува навистина нешто единствено“, изјави Вазири.

Египет го зајакнува својот публицитет со своите новооткриени историски наоѓалишта, со надеж дека ќе го оживее туризмот кој се опоравува после 2011 година, кога беше соборен лидерот Мубарак.

Поддржете ја нашата работа: