Дизајнерите од „Nice Architects“ од Братислава, велат дека станарите можат да живеат во овие капсули до една година. Секоја капсула е опремена со соларни панели, ветерна турбина коjа се расклопува и систем за собирање на дождовница. Располага и со кујна со проточна вода, тоалет и туш.
Овој – целосно самоодржлив подвижен дом, опремен е со батерија од 9,744 киловати, ветерна турбина од 750 вати и високоефикасни соларни ќелии, и во нив може да се живее на било кое место во светот, под услов да има сончева светлина.
Овие капсули се погодни за широка примена – истакнуваат дизајнерите. Можат да најдат примена како независни истражувачки станици, како туристички објекти, единици за пружање на прва помош или за сместување при хуманитарни акции. Дизајнерите велат дека до крајот на 2016 година, ќе биде достапна и камперска верзија.
Според компанијата, овој јацевиден дом може лесно да биде „транспортиран“ со приколка и дури може да го напојува и елктричното возило што го влече.
Оваа футуристичка капсула беше изложена на „Pioneers festival“ во Виена, Австрија од 28 до 29 мај.