Можеби потсетува на војниците од Војна на ѕвездите, но станува збор за прототип на нова воена униформа за која Русија се надева дека еден ден ќе обезбедува сигурност на бојното поле.
Оваа технолошки напредна опрема вклучува егзоскелет, проектиран за подобрување на силата и издржливоста на корисникот, како и слој на оклоп кој би требало да го штити од неријателски оган.
Темната униформа има кацига во стилот на Stormtrooper, со затемнето стакло и нешто што изгледа како радио антена. Новата воена униформа е претставена во четвртокот на Националниот универзитет за наука и технологија во Москва.
Моделот со височина од 1,90 метри, стоел во воената униформа, додека во рацете држел застрашувачко футуристичко оружје.
Рацете му биле прекриени со ткаенина од маскирен примерок и заштитни оклопни плочки означени со руското знаме. На нозете има пар чизми и метален оквир прицврстен околу половината.
Униформата е создадена во Централниот институт за истражување на прецизни роботи во Москва.
“Ова ја претставува нашата визија на воена униформа која би сакале да ја развиеме во следните неколку години”, вели заменик директорот за вооружени системи Олег Чикарев.
Тој додава дека униформата се развива во соработка со неколку руски компании, специјализирани за различни елементи на дизајн.