Секој што се исекол на лист хартија , знае колку таа може да биде оштра ако ве „погоди“ под вистинскиот агол.Сепак , значи ли ова дека диск од хартија кој се врти со голема брзина може да функционира како сечило и да пресече дрво?
Во видеото подолу Џон Хејз , се обидува да открие дали е ова возможно и сечилото од својата пила го заменува со рачно исечен диск од хартија.
Излегува дека хартијата не е доволно цврста за да остане целосно исправена додека се врти , може лесно да пресече лист хартија или картон. Но, кога се работи за дрво , извонредно добро сече тенко парче дрво , меѓутоа , како што објаснува Хејз , не особено брзо.
Кога се соочува со подебело парче од дрво ,сечилото од хартија успева да засече прилично далеку пред да се смачка , но и ова претставува импресивно достигнување.
Хејз исто така забележува дека вакви перформанси хартијата не може да постигне , кога треба да пресече дури и најтенко парче алуминиум.