Емиратите ќе градат на Марс ( Видео )

Владетелот на Дубаи, Шеикот Мухамед Бин Рашид ал Мактум и принцот на Абу Даби, шеикот Мухамед бин Зајед го најавија Проектот Марс 2117, нагласувајќи дека целта е ОАЕ да ја ги предводат меѓународните настојувања да се оствари сонот на човештвото да продолжи со истражување на Вселената во рок од 100 години.

Тие сакаат нивната нација да биде прва која ќе изгради човечка колонија на Марс.

„Човековите амбиции немаат граници и кој и да ги погледне научните достигнувања во овој век мора да верува во способноста на човекот да го оствари најважниот сон. Овој проект е семе кое сега го сееме, а очекуваме дека идните генерации ќе ги соберат неговите плодови, водени од страста да откријат нови сознанија“, вели шеикот Мухамед бин Зајед.

„Проектот Марс 2117“ е долгорочен проект, но нашата прва цел е развој на образовен систем за да можат нашите синови да предводат истражувања во повеќе сектори, додава тој.

Проектот во прво време ќе биде фокусиран на домашните сили, а потоа ќе се вклучуваат и научници од земјите ширум светот.

Научниците ќе се занимаваат со решенија за изградба на првата човечка одржлива населба на Марс, како и прашањето за брз транспорт на луѓе, храна и енергија.

Поддржете ја нашата работа: