Често ни се случува да го оставиме стапалото подолго време во непријатна позиција, а кога ќе ја помрднеме ногата го чувствуваме вкочането. Кога ова ќе се случи, некои велат дека стапалата ни спијат.
Тоа губење на чувство, е исто така честа појава и кај нозете и кај рацете, а е предизвикано од “привремена компресија на нервите”, вели Ребека Троб, асистент професор по неврологија на UNC Факултетот за медицина. Кога нервот ќе се приклешти, не комуницира правилно со ‘рбетот и мозокот.
Нервите носат електрични сигнали исто како водата што поминува низ цревата, вели Стивен Вернино, професор по неврологија на Универзитетот на југо-западниот медицински центар во Тексас.
Сигналите се пренесуваат до ‘рбетот и мозокот од специфичен дел од телото, каде што се регистрираат и испраќаат повратна порака.
На пример, ако допрете жешка печка, нервите кои се наоѓаат на вашата дланка ќе пратат сигнал до рефлексната патека, каде што се интерпретира болката, со што ве тераат да ја повлечете раката наназад.
На истиот начин, моторните сигнали на вашите нерви неможат да се помрднат, доколку вашите нозе се прекрстени или ви е свиткан зглобот. Во вашиот зглоб, она што го чувствувате како слабост или вкочанетост е познато како синдром на карпален тунел.
Чувството на трнење или боцкање е искуство кое се случува кога нервите се враќаат во функција.
Кога вашите екстремитети се “будат”, во медицинските термини тоа се нарекува парестезија. Непријатноста, која понекогаш е болна, генерално е предизвиката додека ја менувате вашата седечка позиција.