Фотографирано ретко мече

Овој вид е во опасност од истребување и според проценката од Црвениот список на МСЗП има само уште 2000 единки во светот.

Ова слатко суштество е експерт за криење. Забележани се само 29 единки во текот на повеќе од три децении. Сега, Веидонг Ли успеал повторно да го забележи на карпите и направил неколку фотографии.

Меѓутоа, ова не е првиот пат кога Ли го видел ова суштество. Прв пат го забележал во 1983 година, а две години подоцна успеал да фати едно при што официјално било прогласено за нов вид. Животното живее на висока надморска височина помеѓу 2800 и 4100 метри, според „National Geographic“ и се храни со трева, билки и други растенија.

Пописот од 2005 година проценува дека „Ili pika“ повеќе не се наоѓа на 57% од претходните живеалишта. „Овој мал вид може да биде истребен во секое време“, изјави Ли за „CNN“. „Јас го открив и гледам како се истребува. Доколку се случи тоа, ќе се чувствувам многу виновно“, вели тој.

Нивното истребување најверојатно се должи на зголемувањето на притисокот за пасење и загадувањето на воздухот. За жал, нема познати мерки за заштита. Ли се надева дека ова негово повторно појавување ќе помогне да се предизвикаат промени и да се преземе нешто за негово зачувување.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.