Француска Полинезија планира да го изгради првиот пловечки град на светот

Ако нивото на океаните продолжи да се зголемува со тековната стапка, Француска Полинезија би можела да изгуби две третини од својата земја, па затоа локалната влада одлучи дека е време да се истражува можноста за вистински пловечки град.

Така, владата на Француска Полинезија потпиша договор со дизајнерската фирма „Seasteading Institute“ која треба да го развие првиот пловечки град на светот во јужниот Пацифик, а изградбата треба да почне во 2019 година.

 

Оваа фирма во текот на изминатите пет години развива концепти за пловечки градови, а сега конечно има дозвола да изгради еден таков град во водите на Француска полинезија.

floating-city-2

Рандолф Хенкен, извршниот директор на фирмата вели дека овој проект не само што ќе ги спаси локалните жители на островите (како на пример Тахити кој е најнаселениот остров во Француска Полинезија) од напуштање на своите домови во наредните децении, туку и ќе понуди уникатно туристичко искуство кое економски ќе ја зајакне државата.

floating-4

Водите на Француска Полинезија се релативно мирни и плитки, што ги прави совршено место за изградба на трајно пловечко живеалиште.

floating-2

Од компанијата планираат да започнат со мал број на живеалишта за околу десетина жители, па ако работите се одвиваат добро ќе го прошират градот да може да опфаќа стотици и илјадници жители.

Ќе кажеме само дека ова нешто изгледа навистина неверојатно.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,237од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.