На приближно 350 километри пoд површината на замјата во западниот дел на САД, откриена е голема маса од растопен јаглерод. Истражувачите успеале да го откријат овој регион со помош на најголемиот систем од сеизмометри во светот. Стопената маса се протега на површина од 1,8 квадратни километри.
За време на топењето на карбонатите длабоко под површината на Земјата тие продуцираат уникатни сеизмички бранови кои можат да се измерат со сеизмички сензори.Тоа овозмоува изработка на мапа на горниот земјин ментл.
„Ние можеби не размислуваме дека стуктурите во длабочините на Земјата се поврани со климатските промени над нас, но ова откритие нема импликации само за подземното мапирање, туку и за иднината на нашата атмосфера. На пример, ако се ослободи само еден процент од овој CO2 во атмосферата, тоа би било исто како да изгореле 2,3 трилиони барели нафта. Постоењето на вакви длабоки резервоари покажува колку важна улога играат длабоките делови од Земјата во глобалниот јаглероден циклус“ – истакнуваат истражувачите.
Истражувачите велат дека овој резервоар од стопен јаглерод е производ на субдукцијата на Пацифичките плочи под западниот дел на САД. Со потиснувањето на карпите под површината на континентот тие деломно се растопуваат под дејство на интензивната толина и притисок од земјиниот ментл.
„Невозможно е физички да стигнеме и да го „видиме“ земјиниот ментл, па затоа со помош на голем број на сензори треба да направиме негова слика и со математички равенки да го протолкуваме тоа што е под нас“– се вели во сопштението на истражувачите од Универзитетот Ројал Холовеј во Лондон.
Најновата сеизмичка анализа, која е објавена во списанието „Earth and Planetary Science Letters“, им помага на научниците да направат попрецизна проценка за количеството на јаглерод задобен во горниот ментл на Земјата. Според научниците тука се складирани околу 100 трилиони метрички тони CO2.