„Google“ претстави нов „Chrome“ за Андроид кој ја штеди батеријата

„Google“ го претстави новиот „Chrome“ за Андроид, во кој се вклучени неколку важни измени за начинот на кој се вчитуваат видео содржините на мобилниот пребарувач. „Google“ изврши подесување на „Chrome“ за Андроид верзијата 52, за да ја подобри брзината на повторното пуштање и енергетската ефикасност. Видеата би требало да стартуваат побрзо, наместо на почетокот да се паузираат додека се вчитуваат, како порано.

„Google“ тврди дека како резултат на ова, вашата батерија ќе трае подолго, а „HTML5“ видеото исто така сега работи со режимот за штедење на „Chrome“, кој може да заштети и до 50 проценти од податоците преку емитување на полесна верзија на видеото. „Chrome„ за Андроид 52 би треало да биде вклучен оваа недела.

https://www.youtube.com/watch?v=67bd3XtY6u8

„Google“ планира слични промени и на „Chrome“ за десктоп варијантата. „Microsoft“ и „Opera“ веќе ги потенцираа проблемите со енергетската потрошувачка на „Chrome“ за „Windows“, но „Google“ веќе работи на решавање на некои од нив.

„Од почетокот на годината направивме 33 проценти подобрување на потрошувачката на енергија на „GPU/CPU“ процесорот при видео репродукција за „Windows 10“- вели портпаролот на „Google“ за „The Verge“. „А со „Chrome 53“ уверени сме дека ќе се изедначиме са другите пребарувачи во однос на потрошувачката на енергија за поголемиот дел на видео репродукциите на интернет“. „Chrome 53“ би требало да се појави на почетокот на идниот месец.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,234од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.