Можеби не изгледа како многу време, но во изминатите 3 децении Земјата се променила на неизмерливи начини, со зголемување на градови, топење на глечери и невидени катастрофи кои засекогаш ги менуваат пределите.
Со 5 милиони сателитски слики направени од 1984 до 2016 година, новата надградба на „Google Earth“ –„Timelapse“ ни овозможува да отидеме каде било на планетата и да погледнеме како таа област се менувала со текот на годините.
„Со употребата на „Google Earth Engine“ пребарувавме низ околу 3 квадрилиони пиксели, (тоа е 3–ка проследена со 15 нули) од повеќе од 5.000.000 сателитски снимки. За оваа најнова надградба имавме пристап до повеќе слики од минатото, благодарение на програмата „Landsat Global Archive Consolidation“ и нови слики од двата нови сателити „Landsat 8“ и „Sentinel-2“ – изјавува Крис Хервиг, раководител на програмата за „Google Earth Engine“.
Многу лесно може да изберете случајна локација и да погледнете се´што можете да најдете самите, бидејќи навистина е фасцинантно колку многу изгледот на Земјата се променил во само неколку децении, каде било и да погледнете.
„Google“ состави една листа каде што можете да погледнете некои од најдобрите работи. Да започнеме со изградбата на „Al Khiran Pearl City“ во Кувајт, што всушност изгледа како вонземјаните да сакаат да ни кажат нешто:
Следува Дубаи во Обединетите Арапски Емирати како се проширува низ крајбрежната пустина, со мали острови кои настануваат во морето:
Потоа провинцијата „Nuflo de Chavez“ во Боливија, која во последните 32 години се проширила како калеидоскоп:
Форт Макмари во Алберта, Канада:
Погледнете го и Аралското Море, помеѓу јужниот дел на Казахстан и Северен Узбекистан, кое речиси целосно исчезна во текот на изминатите неколку децении:
За крај, погледнете ја реката Укајали која тече низ Перу: