Научниците откриле колку е стара познатата дрвена скулптура, пронајдена на Урал

Оваа позната античка скулптура, наречена шигир е пронајдена во далечната 1894 година. Се наоѓала 4 метри длабоко закопана на областа Урал.

Бидејќи била пронајдена на делови, научниците ја составиле во 1914 година. Нејзината висина изнесува импресивни 5,3 метри, но сите нејзини делови не успеале да ги зачуваат во целост.

Првиот обид за утврдување на староста на скулптурата е направен во 1997 година, а тогаш анализите покажале дека идолот е стар 9.500 години.

Научниците веруваат дека комплексните руни кои се врежани на дрвото даваат шифрирани информации во врска со потеклото на Универзумот.

Денешните научници одлучиле повторно да ја проучат таинствената скулптура и се обиделе повторно да ја одредат нејзината старост, бидејќи пред 20 години технологијата и не беше толку напредна, а датирањето со јаглерод не беше прецизно.

Со помош на напредна технологија, научниците дошле до нови сознанија. За резбарење на скулптурата е употребено парче од камен, кое пред 11 600 години се користело како алат за најстарите уметнички дела од дрво. Кога дрвото го пресекле, утврдиле дека е старо 159 години.

Скулптурата моментално се наоѓа во Свердолвск музејот во Русија.

Поддржете ја нашата работа: