Едно ново истражување покажува дека гулабите може да се научат да читаат, и може да се способни да ги разликуваат зборовите од низа букви која нема никаква смисла.
Ова ги прави гулабите едни од ретките животни кои може да се научат да зборуваат – ексклузивна група која ги вклучува луѓето, мајмуните и кучето наречено Вилоу.
Научниците од Универзитетот во Отаго во Нов Зеланд го започнале своето истражување со 18 гулаби („Columba livia“) и ги сведеле до четирите најпаметни користејќи вид на вежба наречена „самооформување“
„Самооформувањето“ вклучува пуштање на светлина преку дупче или отвор за да се привлече вниманието на субјектот, па потоа по неколку секунди се дава храна.
Во суштина, со доволно повторувања, субјектот учи дека по светлината доаѓа храната, па птиците ќе започнат да го колваат светлото како тоа да е нивната вечера.
Видеото подолу покажува како функционира процесот .
По тренирањето со храната, на субјектите им бил презентиран првиот збор. Во овој случај тоа бил едноставен англиски збор како на пример – „многу“ („very“), додека под „не-збор“ се сметале низа на букви кои немаат никаква смисла како на пример „могну“ („vrеy“).
Експериментот вклучувал нешто сто се нарекува „ѕвезден стимул“ – икона на ѕвезда која птицата се обучува да ја клука доколку смета дека зборот што се покажува не е точен. Секој пат кога птицата точно ќе го идентификувала зборот или „не-зборот“, била наградувана со храна.
„Зборот и „не- зборот“ се прикажуваат во центарот на квадратниот отвор. Кога ќе се прикаже збор во центарот, точниот одговор е птицата да го клука зборот, а кога ќе се покаже „не-збор“ во центарот на квадратот, точниот одговор е да го клука ѕвездениот стимул“ – изјавуваат истражувачите.
Секој гулаб го гледал првиот збор 50 пати, измешан заедно со голем број на „не-зборови“. Откако ќе го совладале првиот збор, се додавал уште еден збор, со сите стари зборови задржани од програмата.
Четирите „најпаметни“ птици успеале да научат во просек 43 зборови, со тоа што секоја птица била тренирана осум месеци. Еден од нив, наречен „Q35“ дури успеал да научи неверојатни 58 зборови до крајот на експериментот.
Гулабите изненадувачки добро ги разликувале зборовите, што истражувачите истакнуваат дека тие биле способни да ги разликуваат новите зборови од веќе познатите.
Па како всушност гулабите учат?
Истражувачите сугерираат дека тие може да учат да читаат користејќи го контроверзниот и хипотетички систем познат како „невронско рециклирање“.
Хипотезата за невронското рециклирање е обид да се објасни како луѓето ја развиле способноста за читање. Тимот укажува на тоа дека наместо нашиот мозок да се менува физички во текот на стотици илјади години на еволуција за да го совлада читањето, нашите неврони ја префрлиле нивната функционалност за да ги прикачат зборовите за слика, а со тоа и нивното значење.
Но, сепак, гулабите не можат да прикачуваат никакво значење на зборовите кои им се прикажуваат, освен очигледното, дека ќе добијат храна доколку погодат.
Истражувањата покажуваат дека со доволна обука, мајмуните и некој паметен гулаб или куче, може да се научат да извршуваат рудиментална форма на читање, потенцијално со рециклирање на мозочниот канал за препознавање на букви и зборови, без да има потреба од еволуција.
Ќе мора да се следат понатамошните истражувања на ова поле, бидејќи идејата за невронско рециклирање се’ уште е оспорувана. И со само четири гулаби кои се тестирале овој пат, дефинитивно не е конечно истражување.
Резултатите се објавени во „Proceedings of the National Academy of Sciences“.