Хетеросексуалноста настанала пред 100 години

Хетеросексуалноста е една од можните сексуални ориентации. Личноста е хетеросексуална кога ја привлекуваат или има сексуални односи со личности од спротивниот пол. Хетеросексуалноста е најчеста сексуалност во нашето општество – најверојатно околу 80% од популација во западните земји е хетеросексуална.

Многу луѓе, меѓутоа, иако се хетеросексуални, имале едно или повеќе хомосексуални искуства, меѓутоа нивното предоминантно однесување или избор на истото, е хетеросексуално, па нивниот идентитет е хетеросексуален.

Поимот хетеросексуалност, настанал уште во XIX век, а за прв пат се појавува во медицинските и психијатриските текстови во 1892 година како спротивен на поимот хомосексуалност, чие име е дадено во 1868 година од страна на на Р. фон Крафт-Ебинг.

Во 1901 година, Dorland’s Medical Dictionary ја дефинира хетеросксуалноста како абнормален и перверзен апетит кон спротивниот пол. Во речникот Merriam Webster од 1923 година, истиот израз се дефинира како морбидна сексуална страст кон некој од спротивниот пол. Дури од 1934 година, хетеросексуалноста се дефинира како нормална сексуалност.

Брендон Амбросино, овој пат со своите текстови на Би-Би-Си ја шокира јавноста. Објавен е негов текст за тоа како се до дваесетиот век, сексуалноста не била доведена во прашање.

Контроверзно истражување: Дали хомофобијата е болест?

Сексот во репродуктивна смисла едноставно била активност помеѓу двата пола и толку. Се друго било грев и срам, па кога требало да се дефинира сексуалноста, како и хетеросексуалноста, со денешната историска дистанца е неверојатно до какви резултати тоа доведувало. Во едно истражување на улица, истражувачот ги застанувал минувачите на улица, и ги прашувал што мислат, дали се родени хетеросексуалци или станува збор за последица од воспитувањето.

Повеќето одговори кои биле добиени се сведувале на “хомосексуалноста е прашање на избор”. Истражувачот додатно ги прашал: “Кога вие одлучивте да бидете хетеросексуални?” – Луѓето останувале шокирани и срамежливо признавале дека за тоа никогаш не размислувале. Оваа анкета всушност била наједноставниот начин да се објасни дека сексуалната ориентација е вродена.


Лесно е да се докаже дека сексуалниот однос постои колку и половата поделба помеѓу живите суштества, но што е со разните варијанти на сексуалноста, како тој дел се развил низ историјата, е она за што луѓето размислуваат. Hanne Blank во својата книга “Изненадувачка историја на хетеросексуалноста” издадена во 2007 година пишува: “До 1868 не постоеле хетеросексуалци, а ни хомосексуалци”.

Во 1895 година, унгарскиот новинар Карл Мариа Кертбени опишал четири вида на хетеросексуалност: хетеро-, хомо-, моносексуалност – израз за мастурбација со што ја опишувал бестијалноста.

Хетеросексуалноста како израз, од тоа време почнува да се користи во научни трудови кои на тој начин сакаат да го опишат како нормална сексуалност – она што доведува до размножување, како што станува збор во монотеистичките свети книги, стоицизмот и слично.

Проблемот во дефинирањето на хетеросексуалноста лежи во тоа што дури и пред 100 години, таа се опишувала како морбидна.

Клучот за таквиот развој на размислување бил во средната класа, во време на индустриската експлозија, научните откритија. Таквиот живот со класна револуција довело до населување на градовите за краток период, посебно во САД. Многу луѓе во мал простор, значело контакт со луѓето, процут на проституција и поголема видливост на хомосексуалните односи. Средната класа почувствувала потреба да се одбрани од декадентната елита.

А за тоа човек морало сексуално да се дефинира себе си, кога веќе поаѓа од фактот дека постои нормално и ненормално. Во граѓанското општество, она што таа класа го сметала за девијантно, масата веќе не можела да го објасни само како грев, па така ни своето општествено пожелно однесување како доблест.

Поддржете ја нашата работа: