„Hi – tech“ кујнски апарати

iGrill Mini

Што има забавно во правењето скара ако готвачот е цело време врзан за скарата чекајќи стекот да биде онаков каков го сакате? Што ако вашиот мобилен телефон може да ви каже кога јадењето ви е готово? Токму тоа го прави „iGrill Mini“- мала направа која преку апликација е поврзана со вашиот телефон. Вие само проверете го месото, „кажете“ и на апикацијата што печете и уживајте. Како напредува печењето можете да следите на контролната табла.

 

 

Дигитална чаша и вага за мерење во исто време

Апаратите што можат да извршуваат повеќе задачи обично се меѓу најомилените, а победник меѓу таквите апарати е овој производ. „Најкул“ тука е тоа што може да ставите една состојка, да ја измерите, потоа да притиснете копче и да ставите друга состојка (заедно со првата) и повторно точно да ја измерите. Можете неколку пати  да додадете различни состојки и секоја да биде прецизно измерена. Во исто време чашата може да служи и како сад за мешање.

1

„Топ“ кафемат

Погледнете го видеото за кафеметот на „Scanomat“ (Данска) и обидете се ако можете да не се воодушевите. Целата работа се случува под шанкот, а над шанкот се гледа само убаво обликувана чешма. Само со неколку подесувања од вашиот „iPhone“ и од чешмата ќе потече кафе какво што ќе посакате. Ова по малку наликува на данска верзија на фабриката на Вили Вонка. Сепак, цената од над 15 000 долари го прави овој улта „кул“ производ достапен за мал број луѓе.

Вага што ќе ви овозможи правилно да се храните

Оваа вага не само што ја мери храната, туку и ви кажува кои компоненти ги содржи храната што ја мерите. Колку калории, шеќери, влакна и уште многу други состојки има во храната што сте ја ставиле на вагата, може да видите на дигиталниот екран. Може дури и да води дневник за тоа  што јадете дневно.
2
Паметните алатки на „Williams-Sonoma“ за „iPad“

За оние што сакаат да готват дома, најновиот „hi-tech“ гаџет е нивниот „iPad“. „iPad“-от им го овозможува целиот свет на рецепте и други „online“ ресурси само со допир на прстите. Но, понекогаш користењето на „iPad“-от во кујната може да биде по малку незгодно. Паметните алатки на „Williams-Sonoma“ за „iPad“ во кои спаѓаат и  држач за „iPad“ за хоризонтална и вертикална положба, штитник за екранот , па дури и „Bluetooth“ звучник за слушање музика (или од самиот „iPad“ или од кој било друг музички систем), го олеснуваат користењето на „iPad“-от во кујната.


Сакате да зготвите некој стар семеен рецепт? Звучниците можат да служат и како спикерфон, што го прави „видео муабетењето лесно како боза“.

3

Фрижидерот со „LCD“ дигитален дисплеј на Самсунг

Самсунг прави одлични фрижидери кога се работи за добра организација на храната во нив,  и добро ладење. Овој фрижидер може да го организира и вашиот живот, бидејќи има пристап до календарот на „Google“. Исто така, може д ви ја каже и временската прогноз , најновите вести и уште многу други работи. Не грижете се –  исто така и лади одлично. 

4

Поддржете ја нашата работа:
Ви благодариме за секоја ваша поддршка и донација