Храна за сите во случај на глобална катастрофа

Ако дојде крајот на светот, ќе бидеме добро. Ако се случи светска катастрофа и се уништат сите посеви на планетата, луѓето нема да гладуваат, ако се спремни да јадат бактериски слуз и бубачки, вели професорот Џошуа Пирс од Технолошкиот Универзитет во Мичиген.

Луѓето веќе истражуваат на таа тема и предвидувањата на сценаријата за „судниот ден“ и не се толку лоши. Можеби, и покрај се, животот се’ уште ќе има сончева перспектива. Пирс ги опишува неговите истражувања во неговата книга „Feeding Everyone No Matter What“.

„Досега, сите решенија се фокусираа на складирањето на храната, метод за преживување со складирање на конзерви во плакарите“, вели тој. „Меѓутоа за глобална катастрофа, би биле потребни залихи за 5 години, колку што би и биле потребни на Земјата за да се опорави, а тоа едноставно не е возможно. Фамилиите немаат пари за толку многу залихи, а складирањето само уште повеќе би ги зголемило цените на храната, со што сиромашните уште повеќе би гладувале“.

Останува прашањето, како би нахраниле милијарди гладни усти ако нема повеќе сонце и растенија? „Не грижете се, имаме две решенија“, вели Пирс.

„Прво, можеме да ги претвориме постоечките фосилни горива во храна преку одгледување на бактерија на нив, а потоа или да го изедеме бактерискиот слуз или со тоа да ги нахраниме стаорците и бубачките, па потоа нив да ги изедеме“
418f„Второто (и полесно) решение претставува искористување на гниењето на дрвјата со тоа што ќе одгледуваме печурки на нив, или пак со печурките ќе ги нахраниме инсектите, стаорците, кравите, елените или кокошките, а потоа ќе ги изедеме. Дрвјата и онака умираат од недостаток на светлина и ако ги искористиме, можеме да ги храниме бубачките и стаорците, а потоа со нив да ги храниме останатите животни кои се наоѓаат повисоко на синџирот на исхрана. Или едноставно може да ги изедеме бубачките“.

Секако ќе биде потребно време за да се воспостави таков систем и да се навикнеме на истиот. Во меѓувреме би можеле да преживееме од фунги (печурки), бактерии и лисја.

„Животот, исто така, не би бил лишен од луксуз. Би можеле да го одвоиме шеќерот од бактерискиот слуз и да си направиме сок. Се’ уште би имале научници за храна кои би можеле да направат скоро се’ да има вкус на сланина“

Пирс е уверен дека имаме техничко познавање за да ги преживееме скоро сите предвидливи катастрофи, особено нуклеарната зима и наглите климатски промени.

Всушност, крајот на неговата книга ни вели дека можеме да ги нахраниме сите ако соработуваме и размислуваме однапред, а не во темнината кога сите ќе врескаат. Животот би можел да продолжи нормално, само би бил малку потемен.

Наша должност како граѓани на Република Македонија е да извршиме притисок, преку пишан збор и јавни дебати врз нашите надлежни институции, да си го завршат домашното и да изработат стратегии или да ги надградат постојните, се’ со цел еден ден да не се доведеме во ситуација да бидеме тие што ќе врескаат во темнината.

 

Поддржете ја нашата работа: