Ова се резултатите од новото истражување на Универзитетот во Бафало.
Наодите имаат импликации за подобро разбирање на влијанието на социјалните фактори врз нашите преференции за одредена храна и воопшто односот кон храната.
„Удобна храна често е храна која нашите негуватели ни ја давале додека сме биле деца. Се додека имаме позитивна поврзаност со лицето кое ја подготвило храната тогаш постои добра шанса дека ќе бидеме привлечени од таа храна во време на одбивање или изолација”, вели психологот Шира Гаврил. Станува збор за класично условување.
Претходните истражувања покажаа дека удобната храна може да го намали чувството на отфрленост и изолација. Најновите наоди сугерираат зошто одредени видови на храна се привлечни кога се чувствувате осамено или отфлено, без оглед дали сте гладни или пак на диета.
Удобната храна е дефинирана како храна која им помага на луѓето да најдат утеха. За секого е различна, од зеленчук до исклучително нездрава и масна.
„За многу луѓе тоа е храна со која израснале“, вели Габриел. Во претходната студија, на испитаниците им била дадена пилешка супа. Но, само оние кои имале социјална врска со супата ја идентификувале како храна за утеха и се чувствувале социјално прифатени по јадењето.
Ова истражување дава увид во уникатен метод со кој луѓето можат да се чувствуваат социјално поврзани и безбедни – преку јадење храна. Бидејќи загрозеното чувство на припадност е поврзано со ментални и физички здравствени ризици, истражувачите велат дека е важно да научите да ја управувате ранливоста.
Меѓутоа, овој метод на пополнување на социјалните потреби не е без ризици. Иако храната никогаш нема да ви го скрши срцето, може да ви ја наруши исхраната.