Шефовите на 10 хрватски истражувачки центри за извонредност, поднеле пријава пред судовите против заменик министерот за наука Крешо Задро поради блокирање на 50 милиони евра од структурните фондови на ЕУ. Овие фондови ќе истечат доколку не се искористат до 2020 година. Сегашната коалициска влада се распадна во средината на јуни, но сѐ уште ќе делува како техничка влада до изборите во септември.
„Нашите центри немаат време да чекаат до формирање на новата влада“- вели Гордан Лауч, шеф на одделот за персонализирано здравје на Факултетот за фармација при Универзитетот во Загреб. Нашите финансии доцнат речиси цела година. Вака не можеме да работиме и центрите ќе пропаднат. Нашите најдобри луѓе ќе одат во странство, бидејќи не можат да чекаат уште 6 до 12 месеци за да добијат плата“.
Министерството за наука беше едно од најголемите буџетски загубари во 2016 година- неговите фондови беа намалени за 21 милиони евра. Хрватска веќе има една од најниските стапки на инвестиции за истражување и развој во ЕУ, со само 0,80% од БДП.
Истражувачките центри за извонредност, кои се вкупно 13, се избрани од голем опсег на научни дисциплини во 2014-2015 г. од Националниот совет за наука, после евалуација од страна на голем меѓународен панел. За десет од овие центри од областа науката, технологијата, инженерството и математика, требало да бидат одвоени 50 милиони евра од Европските фондови за регионален развој. Но, после одложувањето на средствата за период до две години, шефовивите на десет од овие центри поднеле тужба на 1-ви јули.
„Колку што можеме да забележиме, основната причина зошто 500 врвни научници во Хрватска не можат да ја вршат својата работа е тврдоглавоста на еден државен службеник кој ја злоупотребува својата сегашна позиција и моќ и делува со самоволие какво досега не е видено во хрватската наука“- стои во изјавата на центрите за медиумите. Тие додават дека претходно оваа година биле под притисок од страна на Задро да прифатат само 20 милиони евра, за да може остатокот да биде доделен на други истражувачки центри кои не поминале меѓународна евалуација.