И мравките се мрзеливи

Научниците од Универзитетот во Аризона спровеле истражување на мравките од видот „Temnothorax rugatulus“. Тие обележале 250 мравки-работници од 5 различни колонии и го следеле нивното однесување во интервали, во текот на 3 дена, во лабораториски услови. Откриле дека половината од нив го поминувале времето речиси неподвижни, не правејќи апсолутно ништо.

Па, дали тие всушност прават нешто, а изгледа како да не прават, или пак се себични паразити кои живеат на сметка на останатите во колонијата? Никој не знае со сигурност.

Дали можеби се „резервен тим“ кој спремно чека да започне со работа кога некоја мравка ќе умре или кога ќе треба да се заврши некоја потешка задача? Или пак може служат како „станици“ кои го хранат и освежуваат другите работници? (некои видови на мравки навистина го прават тоа). Или пак, можеби се стари работници, или пак премногу млади, и не се способни за толку напорна работа?

Научниците од Универзитетот во Регенсбург, Германија ја подржуваат хипотезата за мравки-чувари и сметаат дека овие мрзеливи мравки служат како „резервна сила“, како војска која е спремна за акција ако некој ја нападне колонијата. Тие исто така истакнуваат дека овие мравки се поголеми од останатите и се држат понастрана, односно помалку комуницираат со сите останати мравки-работници.

Но, тоа е само хипотеза, претпоставка. Научниците не се сигурни за што се работи па тестираат повеќе хипотези. Потребни се дополнителни истражувања.

Ова истражување е објавено во „Behavioral Ecology and Sociobiology“.

 

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.