И шимпанзата гледаат лево-десно кога поминуваат улица

Погледнете го видеото кое покажува како четири шимпанза од Уганда поминуваат улица. Ова видео е направено како дел од истражувањето од 2012 до 2014 година во областа Себитоли од националниот парк „Кибале“ во Уганда. За да проценат како дивите шимпанза се прилагодуваат на нови патишта, истражувачите набљудувале 122 шимпанза кои го преминувале автопатот, каде автомобилите се движат со брзина до 100 км. на час.

 


Ова е прво истражување од ваков вид при што се опишува однесувањето на шимпанзата во ваква опасна ситуација.

Истражувачите забележале дека животните гледале лево-десно 90% од времето додека ја поминувале улицата. Ова истражување е само дополнување на многуте кои покажуваат дека нашите најблиски роднини не се толку многу различни од нас како што мислиме. Истражувањето е објавено во „American Journal of Primatology“.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.