Илјадници џиновски ракови во близина на Мелбурн, Австралија

Секоја година, илјадници џиновски ракови-пајаци (да, тоа е официјалното име на оваа група ракови) се собираат на заливот Порт Филип, во близина на Мелбурн, Австралија.

Овие џиновски ракови имаат канџи кои растат повеќе од 70 см. во должина и тело што достигнува 17 см. во ширина.

Нивните годишни групирања се протегаат стотици метри по песочните рамнини на морското дно, а оваа година неколку биолози успеаа да ги снимат, па во видеото во продолжение може да погледнете како изгледа сето ова.

Научниците сметаат дека раковите се собираат како дел од годишната рутина на „митарење“, што им овозможува поголема безбедност во поголеми бројки додека го отфрлаат стариот егзоскелет и чекаат новиот да им се зацврсти.

Тие мораат секоја година да го отфрлаат стариот егзоскелет за да можат да растат, но додека чекаат новиот да им се зацврсти, тие се исклучително ранливи на ражите и ајкулите. Масовното собирање во поплитките води го намалува ризикот од тоа да бидат изедени.

Како што објаснува „Nature of Science“, овие ракови лачат посебен ензим кој ја одвојува старата школка од кожата, додека истовремено се лачи нова мека школка под старата. Потоа тие почнуваат да апсорбираат морска вода и да потекуваат, со што старата школка едноставно се отвора како капак и ракот излегува.

Фасцинантно е тоа што овој процес на „митарење“ се одвива прилично истовремено кај целата група, така што сите се истовремено ранливи. Затоа, најчесто тие се редат еден врз друг, со тоа што тие што се наоѓаат на врвот се најранливи.

Поддржете ја нашата работа: